Економија Јавно извлекување на добитниците на надомест за вграден сончев колектор

Јавно извлекување на добитниците на надомест за вграден сончев колектор

Министерството за економија денеска јавно ќе ги извлече лицата што ќе добијат надомест на дел од трошоците направени за купен и за вграден соларен колектор во својот дом.

Извлечените граѓани, кои ги испратиле своите апликации на објавениот повик за 2015 година, ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

Како што соопштија од Министерството за економија, досега се субвенционирани 3.021 домаќинство, а исплатени се вкупно 42.900.000 денари од буџетот.