Македонија Јавните обвинителства, како и судовите, со ново работно време од 7.30 до...

Јавните обвинителства, како и судовите, со ново работно време од 7.30 до 15.30 часот

Лилјана Спасовска, в.д. јавниот обвинител на Република Македонија, денеска донела одлука за воведување ново работно време во јавните обвинителства во Република Македонија.

Новоутврденото работно време, кое ќе се применува од понеделник, 4 септември 2017 година, почнува во 7.30 часот и трае до 15.30 часот.

Одлуката за утврдување на работното време ќе се применува во Јавното обвинителство на Република Македонија, вишите јавни обвинителства и во основните јавни обвинителства.

Вчера Судскиот совет на седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што беше досега, од 8.30 до 16.30 часот.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека Советот ќе следи како тоа ќе влијае на ефикасноста на судовите.