fbpx

Судовите од понеделник со ново работно време – од 7.30 до 15.30 часот

-

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што бешедосега, од 8.30 до 16.30 часот.

Новото работно време на судовоте ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека Советот ќе следи како тоа ќе влијае на ефикасноста на судовите.

– Вработените во судовите, и судиите и судската администрација, недвосмислено се изјаснија дека им е подобро да работат од 7.30 часот. Ние го почитувавме тоа и сега ќе видиме, ќе следиме како тоа ќе влијае на ефиктивноста на работата на судовите – рече Караџовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...