Македонија Јавниот автобуски превоз во Скопје од утре со зголемен број автобуси

Јавниот автобуски превоз во Скопје од утре со зголемен број автобуси

Од утре скопскиот јавен превоз ќе се одвива според зимскиот возен ред

Фото: Архива на „Мета“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП Скопје) соопшти дека од утре јавниот автобуски превоз ќе се одвива според зимскиот возен ред.

Тоа значи зголемен број автобуси на ЈСП Скопје и на приватните превозници на градско-приградските линии, со почести пристигнувања на автобуси на постојките.

Возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.