Македонија Јавен повик за субвенции за инвертери во Скопје, тие што имаат парно...

Јавен повик за субвенции за инвертери во Скопје, тие што имаат парно немаат право на учество

Фото: Град Скопје

Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година.
„На повикот може да се аплицира по електронски пат, а може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и кои ги исполнуваат предвидените услови“, се вели во соопштението за повикот.
Согласно условите од јавниот повик, граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.
Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата.
Документацијата потребна за онлајн аплицирање e достапна на интернет страната на Град Скопје, а аплицирањето се врши преку оваа платформа.
Повеќе информации за јавниот повик може да се најдат тука.