Свет Јапонскиот цар ќе абдицира во март 2019 година, јавуваат јапонските медиуми

Јапонскиот цар ќе абдицира во март 2019 година, јавуваат јапонските медиуми

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 31 март 2019 година, објави денеска весникот „Асахи Шимбун“ повикувајќи се на извори од јапонската влада. Тоа ќе биде прво абдицирање на јапонски цар во последните 200 години.

Премиерот Шинѕо Абе ќе се сретне со претставници и со членови на царското семејство во ноември, пред одлуката да биде официјално соопштена.

Портпаролот на царското семејство засега не го потврдува ваквите информации, додавајќи дена „ништо не е одлучено“.
Царот Акихито (83) во август минатата година изрази желба да абдицира поради старост.

Парламентот во јуни годинава усвои закон кој би овозможил абдицирање.

Нарухито, најстариот син на Акихито, е прв во редот наследници на тронот.