Свет Европа Јапонски планинари настрадаа на Алпите

Јапонски планинари настрадаа на Алпите

Телата на двајца јапонски планинари се пронајдени на планинскиот врв Матерхорн на швајцарските Алпи, соопштија денеска официјални лица на Токио.

Пред пет дена, двајцата планинари на возраст од 60 години, се искачиле на Матерхорн (4.478 метри надморска височина), кој е еден од најпознатите планински врвови во светот поради пирамидалната форма.

Швајцарската полиција соопшти дека вчера било пронајдено телото на еден од планинарите, а во меѓувреме Министерството за надворешни работи на Јапонија извести дека било пронајдено и другото настрадано лице.

За време на симнувањето од врвот на планината, ги фатило невреме, па се обиделе да се вратат во колибата на висина од 4.003 метри, но не успеале.

Спасувачката служба, поради неповолните временски услови, не можела да интервенира до понеделникот, но тогаш веќе било предоцна.