Дописници Јапонската опера на гости во Битола

Јапонската опера на гости во Битола

Јапонската национална опера од Токио, заедно со МОБ, в недела, на 14 декември, гостува во Битола. Јапонците ќе ја изведат операта „Ноќен жерав“ од авторот Икума Дан, работена по мотиви на традиоционална јапонска бајка.

Операта ќе биде под диригентската палка на Мазахико Окочи, а во претставата ќе настапат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши и Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецу.

– По Скопје, каде би дошле на друго место јапонските уметници ако не во Битола? Ние, како Центар за култура, се вклучуваме во одбележувањето на 20 години од билатералните односи меѓу Царството Јапонија и Република Македонија – вели директорот на Центарот за култура во Битола, Борче Димитровски.

А.Б.