Економија Јапонија излезе од рецесија

Јапонија излезе од рецесија

Во последниот квартал од минатата година, Јапонија излезе од рецесија. Сепак, порастот е послаб од што проценуваа аналитичарите.

Владата информираше дека јапонскиот домашен бруто-производ во четвртиот квартал остварил пораст од 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, односно 2,2 отсто на годишно ниво.