Македонија Христијан Јанкулоски од ХОПС избран за член на Глобалниот фонд за СТМ

Христијан Јанкулоски од ХОПС избран за член на Глобалниот фонд за СТМ

Нов член на одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија е Христијан Јанкулоски, извршниот директор на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Мандатот на Јанкулоски ќе почне на 2 април, а ќе трае до 2017 година. Јанкулоски како извршен директор на ХОПС покажал одлични лидерски способности во финансиското и во програмското планирање, вклучувајќи го менаџментот на програмите за поддршка на маргинализираните заедници, како корисниците на дроги и сексуалните работници/чки.

Јанкулоски, меѓу другото, работи на воспоставување и на зајакнување на намалување на штети, програми за превенција на ХИВ и туберкулоза кај ранливата популација – вклучувајќи и успешно застапување за зголемена финансиска поддршка и одржливост на овие програми во рамките на Источна и Југоисточна Европа.