Македонија Јанкулоска: Опозицијата да ни го достави тоа што личи на пасош

Јанкулоска: Опозицијата да ни го достави тоа што личи на пасош

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска упати апел до опозицијата, ако поседува нешто што ним им личи на патна исправа, да го достават за МВР за да направи анализа и за да се отстранат сите сомнежи, пренесува „Радио Слободна Европа“.

– Ако немаат такво нешто и само манипулираат со јавноста, тогаш нека си одберат друга тема за сопствена политичка промоција – изјавила Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање дали МВР постапува во однос на објавените информации за наводната изработка на лажни патни исправи.