Македонија Јанева вечерва на Комисија за прашања на изборите и именувања

Јанева вечерва на Комисија за прашања на изборите и именувања

За 21.30 часот е закажана седница на Комисија за прашања на изборите и именувања, на која единствена точка на дневен ред е утврдување на предлог-кандидат за јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење  на комуникациите. Како што претходно се согласија политичките партии, предлог за јавен обвинител ќе биде Катица Јанева, а откако членовите на комисијата ќе го утврдат кандидатот, ќе се закаже итна пленарна седница на која пратениците ќе треба да го потврдат изборот.

Собранието ќе испрати предлог до Советот на јавни обвинители да ја избере Јанева за специјален обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење  на комуникациите.

Се очекува вечерва Советот на јавни обвинители да ја избере Јанева која треба да поднесе заклетва.