Главна секција Јанева: Не се плашам од прашања затоа што имам поддршка од Груевски

Јанева: Не се плашам од прашања затоа што имам поддршка од Груевски

Не се плашам да одговорам на сите прашања на пратениците денеска бидејќи имам поддршка од експремиерот Никола Груевски, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, презентирајќи го шестмесечниот извештај за работата на СЈО пред собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Јанева побара од пратениците да се направат измени на Законот за заштита на сведоци и на Законот за кривична постапка со кој ќе се продолжи рокот за работата на СЈО, бидејќи тоа, како што рече, е во интерес на граѓаните.

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е сè уште во тек.

Покрај на комисиска расправа, извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за понеделник.