Македонија Јанева и Хојт Ји разговарале за предизвиците со кои се соочува СЈО

Јанева и Хојт Ји разговарале за предизвиците со кои се соочува СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, придружувана од неколку обвинители од нејзиното обвинителство, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик на помошникот државен секретар за европски и за евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, и со заменикот амбасадор на САД во Македонија.

На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочува СЈО во реализација на своите законски надлежности, како и за важноста од обезбедување услови за непречено работење на ова јавно обвинителство.

Како што пишува во соопштението на СЈО, Јанева во оваа пригода ја истакнала важноста на меѓуинституционалната соработка во насока на сузбивање на криминалитетот.