Македонија Јанакиески: „Космос“ беше срушен законски

Јанакиески: „Космос“ беше срушен законски

Снимките кои вчера ги презентраше Зоран Заев претставуваат монтиран процес на странски служби, кои Заев ги користи за свои цели и по секоја цена сака да дојде на власт, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

– Заев со неговиот тим не само што сака на нелегитимен начин да дојде на власт, туку и самиот се доведува во дефанзива, служејќи им на странски служби кои прислушувале во Република Македонија. Срамота е тоа што СДСМ секогаш се става во одбрана на оние што ги прекршуваат законите и на тој начин ги прават жртви. Таков е случајот со Фијат Цаноски и со случајот „Космос“. Во случајот со рушењето на објектот „Космос“, постапувањето е целосно по закон и рушењето на самиот објект е во согласност со закон и тоа е непобитна вистина, за која СДСМ колку и да се труди да го монтира случајот, тоа е факт. Фирмата на Цаноски работеше спротивно на законските прописи и рушењето е дел од таа процедура – рече Јанакиески.