Македонија Јанакиески: Да не му се даваат пари на семејството на Тоше Проески

Јанакиески: Да не му се даваат пари на семејството на Тоше Проески

Во дел од објавените аудиоснимки на вечерашната трибина на СДСМ во „Универзална сала, се слуша како Миле Јанакиески зборува со директорка на дом, која му кажува за деца без родителска грижа, а кои би оделе да гласаат ако им се плати билет. Јанакиески ѝ вели дека ќе им ги платат билетите само за тие да гласаат.

На друга снимка, која кај присутните во „Универзална сала“ предизвика многу негодување и видливо незадоволство, Јанакиески зборува со Канческа-Милеска, на која ѝ предлага да му ги скратат парите на семејството на Тоше Проески затоа што „не биле за нив“. Канческа му вели дека разговарал Груевски со семејството и се договраат по колку пари да му даваат месечно на семејството.