Македонија Јакимовски: Време е за избори за испразнетите пратенички места

Јакимовски: Време е за избори за испразнетите пратенички места

Ако треба и со предвремени избори, ама мора да се заврши оваа рашомонијада со актуелните пратенички мандати, изјави вчеравечер во Прилеп, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Целосната безидејност и политичка дезориентираност на СДСМ ја достигна својата кулминација со дилетантските најави за некакви бомби. Конфронтацијата од тој тип сигурно нема да му донесе ништо добро на овој народ, ниту повисок социјален статус, ниту подобра економска положба – истакна Јакимовски.