Хроника Ја ранил сопругата чистејќи ловечка пушка

Ја ранил сопругата чистејќи ловечка пушка

Жител на гостиварското село Долна Ѓоновица вчера попладне, додека ја чистел ловечката пушка, во момент на невнимание ја застрелал и ранил својата невенчана сопруга, информираат од полицијата.

Триесет и шестгодишната С.З., околу 14.30 часот, била пренесена во медицинскиот центар во Гостивар, каде ѝ била констатирана прострелна рана во левата потколеница, но без сериозни последици. Како што информираат од МВР, станувало збор за телесна повреда.

При полицискиот увид, пак, било утврдено дека инцидентот се случил,кога Ф.М. (46), со кого жената живеела во вонбрачна заедница, чистејќи ја ловечката пушка што ја поседувал со дозвола, од невнимание истрелал еден куршум, кој ја погодил сопругата.

Од полицијата додаваат дека работат на документирање на случајот.