Хроника Извршиле седум кражби и предзвикале штета поголема од 76.000 евра

Извршиле седум кражби и предзвикале штета поголема од 76.000 евра

Двајца велешани се осомничени дека од февруари до август оваа година, извршиле вкупно седум кражби, во кои однеле плен чија вредност била проценета на околу 4,7 милиони денари, односно околу 76.000 евра.

Како што информираат од МВР, Секторот за внатрешни работи Велес поднел кривични пријави против Е.В. (35) и Р.А. (43), кои се товарат дека заедно сториле четири тешки кражби и три кражби со кои на „Македонска радио-дифузија“ , „ЕВН – Македонија“ и на мобилниот оператор „Оне“ им нанеле материјална штета од околу 4,7 милиони денари.