Економија Извозот во првите пет месеци поголем за 7,6 проценти во однос на...

Извозот во првите пет месеци поголем за 7,6 проценти во однос на истиот период лани

Извозот од јануари до мај 2016 година, изнесува 1.893.367.000 долари и бележи пораст од 7,6 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2.696.763.000 долари, што е за 6,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај, изнесува 803.396.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина.

Во периодот јануари-мај 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и со Италија.