Економија Извозот во првите осум месеци намален за 318 милиони долари

Извозот во првите осум месеци намален за 318 милиони долари

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-август 2015 година, изнесува 2.889.817.000 долари и е намален за 318.476.000 долари во однос на истиот период лани, кога изнесувал 3.208.293.000 долари.

Увозот на стоки во периодот јануари-август 2015 година е 4.128. 421.000 долари и е намален за 678.358.000 долари во однос на истиот период лани, кога изнесувал  4.806.779.000 долари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2015 година, изнесува 1.238.604.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2015 година, е 70 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и од челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.