Македонија Извлечени телата на двајцата планинари што ги загубија животите на Ниџе

Извлечени телата на двајцата планинари што ги загубија животите на Ниџе

Телата на двајцата планинари што загинаа на планината Ниџе, односно на Кајмакчалан, и беа пронајдени од грчките служби се пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе-Вардар), известуваат на социјалните мрежи планинари од Македонија.

Смртта на 28 – годишната К.В. и 35 – годишниот А.М., ја потврдија и од грчката противпожарна служба.