Македонија Извештајот на ЕК за Македонија на дневен ред во Собранието

Извештајот на ЕК за Македонија на дневен ред во Собранието

Tретото продолжение на 74. седница, на чиј дневен ред е извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, денеска треба да се одржи во Собранието. Пратениците на ова продолжение треба да расправаат и за предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за градење, Законот за учебници за основно и за средно образование и на Кривичниот законик.

На дневен ред се и измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за здравственото осигурување, како и дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Пратениците ќе расправаат и по предлог-законот за вработување и работа на странци, предлог-закон за пробација, предлог-закон за амнестија, како и автентично толкување на член од Законот за трговски друштва и информација за загадување на амбиенталниот воздух во Република Македонија.