Македонија Извештај: 27 спроведени реформи во јавната администрација, 37 се во тек 9...

Извештај: 27 спроведени реформи во јавната администрација, 37 се во тек 9 доцнат

На седницата на Советот за реформа во јавната администрација во Владата бил усвоен полугодишниот извештај кој покажува дека 27 активности биле целосно спроведени, на 36 активности спроведувањето е во тек, а за останатите девет активности се доцни со имплементација.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во наредниот период ќе се зголеми динамиката на спроведување на активностите, а годишниот извештај ќе содржи конкретни резултати.

Со седницата на Советот претседавал премиерот Зоран Заев кој ја потенцирал важноста на процесот за реформа на јавната администрација, истакнувајќи дека и предвиденото покачување на платите на вработените во јавната администрација, е дел од тие реформи.

„Потребен е јасен фокус за тоа на каде се движи реформата, што е целта, односно што ќе се случува во јавната администрација во наредниот период, а од особена важност е граѓаните да бидат запознаени со сите детали од овој процес. Реформите во администрацијата мора да се спроведуваат на храбар и достоинствен начин, се со цел да имаме продуктивна и поефикасна јавна администрација за сите граѓани“, истакна премиерот Заев.