Хроника Изречени дисциплински мерки за 10 полицајци

Изречени дисциплински мерки за 10 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1, точки 1, 2, 3 и 4 и член 207, став 1, точки 4 и 8 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, шест вработени се казнети парично, на двајца вработени изречено им е запирање на постапката, еден вработен добил писмено предупредување, а на еден вработен му е изречен отказ.