Македонија Изминатото деноноќие 97 лица не ја почитувале забраната за движење низ цела...

Изминатото деноноќие 97 лица не ја почитувале забраната за движење низ цела држава

Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

МВР информира дека изминатото деноноќие на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

„Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката,“ информираат од МВР.