Македонија Измените на Законот за пушење денеска на собраниска седница

Измените на Законот за пушење денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, во прво читање, предложен од пратеници од опозицијата, во рамки на 85. седница.

На дневен ред се, исто така, дополнувањето на Законот за административните службеници, измените и дополнувањата на Законот за буџетите, измените и дополнувањата на Законот за јавен долг, предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претопријатија со општествена и државна сопственост, сите во прво читање и на предлог на опозициски пратеници.

Народните избраници во рамки на седницата треба да се изјаснат и за предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка, и за предлог-законот за медицински сестри и за акушерки, во прво читање, како и за неколку автентични толкувања.