Дописници Изложба на Владимир Пајиќ-Пајо во Охрид

Изложба на Владимир Пајиќ-Пајо во Охрид

Изложба на Владимир Пајиќ-Пајо од Белград, Србија, ќе биде отворена во Лапидариумот на Куќата на Робевци, вечерва во 20 часот.

Станува збор за самостојна изложба на слики, масло на платно, насловена „Богови“.

До крајот на летната сезона, во рамките на годишната програма на НУ Завод и музеј од Охрид, ќе биде организирана уште една изложба на Бојан Костантиновиќ од Лесковац, Србија.