Дописници Изложба на портрети на св. Климент Охридски во „Св.Софија“

Изложба на портрети на св. Климент Охридски во „Св.Софија“

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва ќе ја отвори изложбата на портрети на свети Климент Охридски во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Изборот од копии на портрети на овој охридски светец, настанати од 11 до 18 век, го направи врвниот познавач на византиската и на средновековна уметност, академик Цветан Грозданов.

Манифестацијата е дел од одбележувањето на 1.100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.