Култура Изложба на графичарката Валентина Илијевска во Прилеп

Изложба на графичарката Валентина Илијевска во Прилеп

Во галеријата на Центарот за култура ,„Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска во 19 часот  ќе биде отворена самостојна изложба на графики на графичарката Валентина Илијевска.

Изложбата носи наслов „За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниките дрворез, линорез и комбинирана техника.