Галерија Изложба на фотографии од Стефан Лупино

Изложба на фотографии од Стефан Лупино

Фотографии од Стефан Лупино, Република Хрватска

На 21 ноември, во 21 часот, во „Галерија 8“ во Безистен, во Старата скопска чаршија, ќе биде отворена изложбата на фотографии од Стефан Лупино од Република Хрватска.

Стефан Лупино е еден од најпознатите естрадни и модени фотографи од поранешните југословенски простори, признаен и на светско ниво. Во златниот период на 70-тите и на 80-тите години на минатиот век, Лупино престојува во Америка, во големото јаболко и центар на светската уметничка сцена, Њујорк. Препознат од големите издавачки куќи, станува фотограф за познатите магазини, како: „Диталс“, „Вог“, „Фото“, „Зум“,„Јуропео“, „Ел еспресо“ и на нивните насловни страници се објавени негови фотографии. Еден магазин кој се издвојува е „Плејбој“, а за него Лупино и ден-денес е актуелен фотограф.

Лупино, покрај со фотографија, се занимава и со скулптура и со сликарство, а за неговиот стил и достигнувања во овие уметности, критиката воспоставува и нов термин „лупинизам“.