Дописници Изложба: „Македонија така далечна, а така блиска“ во Загреб

Изложба: „Македонија така далечна, а така блиска“ во Загреб

Од денеска, до 28 мај, во зградата на Хрватската матица на иселениците во Загреб, Македонското културно друштво „Охридски бисер“ ја организира културна манифестација: „Денови на македонската култура“.

Попладнево, во  18 часот, ќе биде отворена изложбата: „Македонија така далечна, а така блиска“, филателистичка постановка на стари македонски разгледници и пригодни пликоа, кои го поврзуваат македонскиот и хрватскиот народ и прилог нумизматичка збирка.

Автор на изложбата е Драгољуб Сиљаноски.

На „Деновите на македонската култура“ свој настап ќе имаат пејачката група „Моми бисерни“ и оркестарот „Охридски бисер“. Покровители се Советот за национални малцинства на Република Хрватска и Хрватската матица на иселениците.