Македонија Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто – 7 отсто повеќе од...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто – 7 отсто повеќе од 2019 година

Досега гласале 392,066 жители

Прв круг на претседателски избори 2024, О. У. „Киро Глигоров“. Фото: Мета.мк

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Излезноста е повисока во споредба со процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас до 15 часот на првиот круг на претседателските избори во 2019 година, кога излезноста била 28,69 отсто.

Според податоците за излезност кои се пристигнати до ДИК, најголема излезност е забележана во Новаци со 57,69 отсто, додека најмала е излезноста во Центар Жупа, каде само 13,11 отсто од жителите гласале.

Досега до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас. Отфрлени се 21 приговор како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.