Главна секција Излезноста до 11 часот е 10,22 проценти, велат од ДИК

Излезноста до 11 часот е 10,22 проценти, велат од ДИК

Фото: Архива на Мета.мк

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска соопшти дека од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места, до 11 часот гласале вкупно 135.906 гласачи, односно 10,22 проценти.

Општини со најголема излезност се Новаци каде што на гласање излегле 25,84 проценти, Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17,51 процент, а најмала излезност има во општините Врапчиште, Липково, Боговиње, каде што излезноста е под пет проценти.