Хроника Излажал дека е полицаец за да смени фалсификувана банкнота од 100 долари

Излажал дека е полицаец за да смени фалсификувана банкнота од 100 долари

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против 40-годишниот А.П., жител на градот, осомничен за фалсификување пари и за лажно претставување.

Како што информираат од полицијата, осомничениот кон крајот на октомври минатата година, во менувачница во Штип пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 американски долари.

Кога вработениот во менувачницата се посомневал во автентичноста на банкнотата, осомничениот се претставил како полицаец и покажал легитимација, а вработениот му поверувал и му ја сменил банкнота за износ од 5.520 денари.