Македонија Изградбата на централата Конска на денешната владина седница

Изградбата на централата Конска на денешната владина седница

Владата денеска ќе ја одржи 67. седница која треба да почне во 12 часот. Владата ќе се произнесе по предлог-одлуката за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште-сопственост на државата, по пат на непосредна спогодба на Друштво за производство на електрична енергија „Актуел енерџи груп“ ДОО – Скопје, за изградба на мала хидроелектрична централа Конска и придружни објекти на река Конска, Oпштина Гевгелија.

Министрите ќе го разгледаат и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, на предлог на Министерството за финансии.

На предлог на Министерството за транспорт и врски ќе се разгледа и извештајот за моменталната состојба на железничка делница Бељаковце – Крива Паланка, од железничкиот Коридор 8.

На денешната владина седница Јавното претпријатие за државни патишта ќе информира за можноста за поврзување на ТИРЗ „Тетово“ со автопатот А2 (Е-65). Агенцијата за вработување на ќе ја презентира Програмата за работа на Агенцијата за вработување за 2018 година.