Македонија Изгаснат пожарот во една од галиите на Вардар, ќе се истражуваат причините

Изгаснат пожарот во една од галиите на Вардар, ќе се истражуваат причините

Пожарот избувна околу 13 часот попладнево, а по интервенција на скопските пожарникари, ставен е под контрола

Фото: Maрија Сарагинова, со дозвола на авторката

Брзо бил изгаснат пожарот кој попладнево избувна во една од галиите на реката Вардар, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Станува збор за галијата која се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј Ин“, а која подолг период е запоставена и полна со смет.

За време на избувнувањето на пожарот, внатре немало луѓе и нема повредени.

Пожарот избувна околу 13 часот попладнево, а по интервенција на скопските пожарникари, ставен е под контрола.

Според изјавите од надлежните, причината за пожарот допрво ќе се утврдуваат, но според првичните информации, станува збор за човечки фактор.