Македонија Ивановски во Израел на средби со ИТ-компании

Ивановски во Израел на средби со ИТ-компании

Од денеска до 30 декември, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе престојува во Израел, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување странски инвестиции.

Според Министерството, Ивановски ќе има средби и разговори со најголемите ИТ-компании во таа земја, како и со претставници на компании од областа на истражувањето и на развојот.