Главна секција Иванов: Земјите надвор од НАТО и од ЕУ немаат меѓусебна доверба

Иванов: Земјите надвор од НАТО и од ЕУ немаат меѓусебна доверба

„Време е да ги користиме вистинските зборови за да ги опишеме состојбите. Република Македонија е жртва на неодлучноста на Европскиот совет, на одлуките на некои кои не мислеле на последиците од нив. Во голема мера денешните состојби се резултат на предолгото држење на Македонија во чекалната. Не барам алиби за состојбите, и кај нас има вина“, рече претседателот Ѓорге Иванов на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа“, во рамки на безбедносниот форум што се одржува во Братислава.

– Во услови на криза и во вакви состојби, мора да има друг начин на носење одлуки. Има недостиг од солидарност во поглед на поддршка за интеграција во регионот, има и недостиг од соработка и од доверба меѓу безбедносните служби во регионот. Целата доверба што се градеше со години поради несоработката на Косово, но и на други 17 служби е разнишана. Ние, земјите надвор од НАТО и од ЕУ, немаме доверба меѓу себе, не ги разменуваме информациите и не знаеме како да се спротивставиме на тоа што ни се заканува. НАТО и ЕУ ја немаат завршено работата на Балканот. Чекалната е најнеупотребливото место. Безбедноста на Балканот не треба да се зема како готова работа. Може да се повтори минатото. Потребни се похрабри пораки и појасна перспектива од ЕУ за Балканот – рекол Иванов.