Македонија Иванов: Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се...

Иванов: Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се сплотиме

Само со одговорно однесување на 11 декември ќе го означиме крајот на политичката криза и почетокот на националното помирување во Република Македонија, а помирувањето ни е потребно повеќе од кога и да било порано, рече претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на свечената академија по повод 8 Декември – празникот посветен на свети Климент Охридски.

– Нема друг пат кон иднината на младите во Македонија освен преку национално помирување. Нема друг пат, освен патот на помирувањето. Време е зад нас да ги оставиме поделбите и да се сплотиме, за конечно да заживееме во мир, напредок и во благосостојба. Повикувам предвремените парламентарни избори да ги завршиме достоинствено, онака како што ѝ доликува на држава со 25-годишно демократско искуство. Досега многупати покажавме дека имаме институционален и демократски капацитет за да организираме и да спроведеме фер и демократски избори – рече претседателот Иванов.

Иванов ги повика политичките партии и од власта и од опозициијата во овие последни денови и последни часови на предизборието на одговорно однесување со кое ќе создадат атмосфера во која граѓаните со сигурност ќе знаат дека секој нивни глас навистина вреди.