Македонија Иванов во Софија ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна...

Иванов во Софија ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина

Денеска, во Софија, на маргините на шестиот состанок на високо ниво, во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

Се очекува шефот на државата и Иваниќ да разменат мислења за бегалската криза, како централна тема на овој форум, а ќе се осврнат и на прашања од заемен интерес на двете земји и на други теми од регионално значење.