Македонија Иванов во работна посета на Обединетото Кралство

Иванов во работна посета на Обединетото Кралство

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска е во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, соопштија од кабинетот на претседателот.

За време на престојот во Лондон, Иванов ќе се сретне со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау, и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер.

Како што се наведува во соопштението, претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија, а ќе има средба и со претседателот на Универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен. Македонскиот претседател, исто така, ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста: научени лекции“.

За време на престојот во Велика Британија, Иванов ќе се сретне и со претставници на македонската дијаспора во Велика Британија, а ќе ја посети и црковната општина „Свети Ѓоргија“ во Брајтон.