Македонија Иванов во посета на Бугарија

Иванов во посета на Бугарија

На шестиот состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“, денеска во Софија ќе учествува претседателот Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во работна посета на Бугарија.

Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“.

За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.

Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре, со посета на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.