Македонија Иванов во дводневна официјална посета на Молдавија

Иванов во дводневна официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија, информираат од кабинетот на претседателот.

„Претседателот Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок. Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со премиерот на Република Молдавија, Павел Филип и со претседателот на парламентот на Република Молдавија, Андриан Канду“, се вели во соопштението.