Македонија Иванов во 15.15 часот ќе им се обрати на граѓаните

Иванов во 15.15 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска во 15.15 часот ќе има обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопштија попладнево од неговиот кабинет.

Во најавата од кабинетот на Иванов не е наведено што ќе биде тема на обраќањето, но се очекува тоа да биде во врска со аболицијата на политичари и нивни соработници и измените на Законот за помилување, донесени, минатата недела, со кои на претседателот му се овозможува да ги повлече помилувањата од 12 април.