Македонија Иванов со Хајндл: Македонија мора да има функционални институции

Иванов со Хајндл: Македонија мора да има функционални институции

Претседателот Ѓорге Иванов и специјалниот пратеник на министерот за надворешни работи на Германија, Јоханес Хајндл, на денешната средба разговарале за актуелните политички случувања и размениле информации и мислења за „можностите и начините за надминување на предизвиците на политичката сцена во земјата“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов за средбата.

„Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија е неопходно да има функционални државни институции кои ќе можат професионално, навремено и ефикасно да одговорат во справувањето и превенцијата со заканите. Во таа насока, соговорниците истакнаа дека сите политички чинители треба да покажат одговорност, конструктивност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата“, стои во соопштението.

Од кабинетот на Иванов, додаваат дека претседателот на средбата истакнал дека како и досега, така и во иднина „ќе постапува единствено според Уставот и Законите на Република Македонија и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија“.