Македонија Иванов се сретна со претседателот на Азербејџан и со секретарот на ОБСЕ

Иванов се сретна со претседателот на Азербејџан и со секретарот на ОБСЕ

Во рамки на учеството на 51. Минхенска безбедносна конференција, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне се сретна со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, како и со генералниот секретар на ОБСЕ, Роберто Заниер.

На средбата со претседателот Алијев е разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Азербејџан, како и за унапредување на економската соработката.

На средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, претседателот Иванов истакна дека Република Mакедонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на земјата во повеќе сфери – владеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка на области како што се полицијата и судството, унапредување на меѓуетничките односи и соживот.

Македонскиот претседател го запозна соговорникот дека за Република Македонија останува клучниот предизвик да се деблокира статус кво-состојбата во интеграциите. Тој додаде дека евроатлантските интеграции даваат дополнителна кохезивна сила во нашето општество.