Македонија Иванов се обрати на средбата на Европската група

Иванов се обрати на средбата на Европската група

Gjorge Ivanov, president i Maqedonisë

Претседателот Ѓорге Иванов се обрати на вчерашната средба на 38. Европска група на Трилатералната комисија во Белград. Тој се осврнал на проблемите со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО, селективниот пристап и двојните стандарди кон Македонија, толерирањето на непочитувањето на меѓународното право и меѓународните обврски, на пресудата од Меѓународниот суд за правдата.

Иванов учествувал и се обратил на дебата на тема „Земјите од регионот на патот кон ЕУ“. По воведните обраќања во рамките на дебатата, на прашања на членови на Трилатералната комисија, тој предупредил за можните последици по безбедноста на регионот, предизвикани од состојбата статус-кво во евроатлантските интеграции.