Македонија Иванов прогласен за почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација...

Иванов прогласен за почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера во Баку го доби признанието почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан, највисоката образовна и научна институција за образување кадри и раководители во државната и во јавната администрација, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

По тој повод, претседателот Иванов пред присутните професори и студенти одржа предавање за Балканот, Кавказот и за Блискиот Исток, предизвиците со кои овие региони се соочуваат и за нивните односи со Европската Унија.

Посочувајќи го македонскиот модел на почитување на различноста како пример и историскиот развој на државата сè до денешницата, претседателот Иванов го објасни концептот на „интеграција без асимилација“.