Македонија Иванов: Oчекувам и овие избори да покажат напредок на демократијата

Иванов: Oчекувам и овие избори да покажат напредок на демократијата

Очекувам и овие избори, како и сите досегашни, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по гласањето на  избирачко место во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Скопје.

Тој изрази очекување дека изборите ќе минат во мирна, демократска и фер атмосфера.

– Денеска, кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат тие што за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат животот и условите за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат, да им го подобрат квалитетот на животот –  рече Иванов.